НОВА ДОМИНАЦИЈА НА ВАРДАРКИ

Суслина како старо вино, незапирливата Лакрабер и „ѕвездената“ Пенезиќ (ВИДЕО)

ЖРК Вардар е на два чекори до пласман на фајнл-форот во Будимпешта. Македонскиот шампион главната фаза ја заврши на првото место на табелата, а во четвртфиналето силите ќе ги одмери одново со Митјиланд. 

објавено: 12 март 2018 - 08:12

ЖРК Вардар на последниот меч од главната фаза го совлада Будуќност со 30-25 на гостински терен завршувајќи на првото место на табелата. Избраничките на Ирина Дибирова се на два чекори до пласман на фајнл-форот во Будимпешта, во четвртфиналето силите одново ќе ги одмерат Митјиланд.

Во Подгорица „црвено-црните“ ја опадвадаа фаворитската улога, а по завршување на последното коло, три вардарки се најдоа во изборот на ЕХФТВ.

Во Топ 5 одбрани одново се врати Ина Суслина. Двојната интервенција на искусната голманка се најде на петото место, истата може да ја видите на овој ЛИНК.

Александар Лакрабер беше втор стрелец во редовите на македонскиот шампион со седум погодоци, еден од нив ЕХФ го смести на третото место. Топ 5 листата со најдобри погодоци може да ја видите ТУКА.

Андреа Пенезиќ е МВП на мечот во Подгорица. Хрватската интернационалка постигна 10 погодоци, беше незапирлива, па токму затоа се најде меѓу „Трите ѕвезди“. 

Најново во Ракомет