„ЛАВОВИТЕ“ СЕ НОВИ, ПРИВРЕМЕНИ ЛИДЕРИ ВО ГРУПАТА НА ВАРДАР

Талески и Рајн Некар го збришаа ППД Загреб

Рајн Некар за кого настапува Филип Талески, привремено е новиот лидер во групата А, откако го совлада ППД Загреб на домашен терен со убедливи 31-24. 

објавено: 12 октомври 2017 - 22:53

Рајн Некар за кого настапува Филип Талески, привремено е новиот лидер во групата А, откако го совлада ППД Загреб на домашен терен со убедливи 31-24. Гермнаскиот тим беше доминантен уште во првите 30. минути, по кои имаше предност од 15-11. 

За „лавовите“ ова е трета победа во Лигата на шампионите, во која имаат и две нерешени средби за вкупно осум бода, еден повеќе од Вардар и Барселона, кои во сабота ќе се борат токму за првото место на табелата во истата група.

Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со еден погодок. Најефикасен во редовите на Рајн Некар беше Хендрик Пекелер со осум погодоци, еден помалку имаше Матс Ларсен.

 

Најново во Ракомет