МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СО РЕСПЕКТ ЗА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ"

Талески: Ништо не е сменето, и оваа сезона Вардар е еден од најдобрите тимови

Филип Талески, македонскиот репрезентативец во редовите на Рајн Некар Левен, втора година во низа гостува во Скопје како играч на „лавовите", а левиот бек со голем респект гледа и зборува за Вардар

објавено: 5 октомври 2018 - 14:20

По вчерашниот триумф над Гумерсбах во Бундес-лигата, Рајн Некар денеска доаѓа во Скопје и стандардно ќе одработи еден тренинг пред дуелот со Вардар. „Лавовите“ благодарение на Филип Талески во победничка атмосфера ќе влезат во пресметката со македонскиот шампион. За репрезентативецот ова е второ гостување во Скопје, како играч РНЛ.

Талески како и останатите со голем респект гледа на мечот со Вардар.

„Вардар и во изминатите години покажуваше дека е една од најдобрите екипи во Европа, а така е и годинава. Вардар е екипа која цели високо. Досега немаат пораз во ЛШ, а играат и пред својата публика. Епитетот 'меч на неделата' дава дополнително на тежина и не се сомневам дека сите погледи ќе бидат вперени кон Скопје", ни изјавиТалески.

Но кога се однесува за резултатот, бекот останува без коментар.

„Мислам дека тоа ќе биде меч за уживање", заклучува репрезентативецот.

Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар е закажан за утре со почеток во 17:30 часот, билети за овој меч се уште има во слободна продажба. 

Најново во Ракомет