ТРЕТА ПОБЕДА ЗА РАЈН НЕКАР ВО ЛШ

Талески почна, „лавовите“ го докрајчија Кристијанштад

Рајн Некар влезе во победнички ритам во Лигата на шампионите, на домашен терен го совлада Кристијанштад со 36-27 (18-14). 

објавено: 10 октомври 2018 - 20:28

Рајн Некар врза две победи во низа во Лигата на шампионите. Во првиот меч од петото коло, германскиот тим на домашен терен го совлада Кристијанштад со убедливи 36-27 (18-14).

Победникот на овој дуел беше решен по само четири минути игра, „лавовите“ отворија со серија до 4-0, првите два гола беа дело на македонскиот репрезентативец, Филип Талески, кој е во одлична форма пред квалификациските мечеви за ЕП 2020 година. На полувремето РНЛ имаше позитива од 18-14, а до крајот само рутински ги преведе натпреварот. Во 40. минута имаше двоицифрени 33-23. 

Талески остана на двата гола од првото полувреме, ги постигна од шест обиди, а заработи и еден жолт картон. Богдан Радивојевиќ беше прв стрелец со девет погодоци. 

Рајн Некар има три победи и два порази по пет одиграни средби во елитното натпреварување. 

 

 

Најново во Ракомет