КОНЕЧНО МЕСТО И ЗА МАКЕДОНЕЦОТ ВО ИДЕАЛНИОТ ТИМ

Тешко се игнорираат 12 гола со Кјелце: Лазаров е најдобар десен бек во 10. коло од ЛШ!

При толку победи и рекорди, дојде ред Кире Лазаров да биде избран во идеалниот тим на едно коло во Лигата на шампионите токму кога неговата екипа загуби.

објавено: 7 декември 2015 - 08:28

Барселона беше поразена од Кјелце во 10. коло од ЛШ, меѓутоа Лазаров одигра феноменален меч со 12 гола (девет од игра) од 14 обиди. Иако и во минатото постигнувал двоцифрен број голови, овој пат неговото остварување не беше игнорирано и доби место во идеалниот тим на колото.

Минатата сезона се случуваше нешто друго. Лазаров имаше блескави натпревари и тоа на важни мечеви, но ЕХФ-ТВ никогаш не го стави во најдобрите седум.

Сега се најде во одбраното друштво и тоа заедно со Тјери Омејер и Даниел Нарсис од ПСЖ, со Деан Бомбач од Пик Сегед, кој постигна 11 гола против Рајн-Некар, со Андре Линдбое, најефикасниот играч на Елверум во победата против Металург, како и со Растко Стојковиќ и Ајмен Туми.

 

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ВО ЛШ

Лево крило – Андре Линдбое (Елверум)
Лев бек – Даниел Нарсис (ПСЖ)
Среден бек – Деан Бомбач (Пик Сегед)
Десен бек – Кире Лазаров (Барселона)
Десно крило – Ајмен Туми (Монпелје)
Пивот – Растко Стојковиќ (Мешков Брест)
Голман – Тјери Омејер (ПСЖ)

Најново во Ракомет