БЕЗ ПРОМЕНИ ВО СТРУЧНИОТ ШТАБ

ТИМОТ КОЈ ПОБЕДУВА, НЕ СЕ МЕНУВА: Дејвис останува помошник на Раул

Раул Гонзалез и Давид Дејвис и во следната сезона ќе го предводат европскиот првак, Вардар. 

објавено: 22 јули 2017 - 09:45

И покрај најавите дека Давид Дејвис ќе биде прекомандуван во Академијата на Вардар, сепак пред стартот на подготовките за новата сезона, стигна добра вест. Тој останува десна рака на Раул Гонзалез и заедно ќе го предводат европскиот првак до нов успеси. 

Да, да, остануваме заедно со Давид. Тој ќе биде мој асистент и следната сезона", кусо потврди за „Македонски спорт“, Раул Гонзалез.

Шпекулациите за „прекомандата" на Дејвис почнаа по доаѓањето на Парондо во Македонија, како асистентот на Раул во националниот тим. Но, Парондо е дециден во својот став дека останува активен ракометар и по завршувањето на обврските со младинската репрезентација на СП У21 Алжир, ќе му се приклучи на унгарски Будакалаш во подготовките за новата сезона.

Дејвис дојде во Вардар во 2014 година, и тоа по препорака токму од Гонзалез. Покрај машкиот тим, тој работеше и со женскиот тим на „црвено-црните“.

 

Најново во Ракомет