Кога си број еден во Европа

Убаво е да си шампион - Вардар против Рајн Некар е дерби на колото во ЛШ

Европскиот шампион Вардар е во фокусот со неверојатна серија од 5 победи во низа во новото издание на Лигата на шампионите, па ЕХФ одлучи дуелот против Рајн Некар да биде дерби на осмото коло

објавено: 24 октомври 2017 - 17:29

Европскиот шампион Вардар е во фокусот со неверојатна серија од 5 победи во низа, во новото издание на Лигата на шампионите, па ЕХФ одлучи дуелот против Рајн Некар да биде дерби на осмото коло.
Германските „лавови“ се опасен ривал, лани победија во Скопје, а кај нив македонскиот репрезентативец Филип Талески е веќе стандарден.

И Рајн Некар веќе е постојан ривал на „црвено-црните" во групната фаза, а нивните меѓусебни дуели изобилуваат со неизвесност.
Натпреварот ќе се игра во сабота, 18. ноември  од 17:30 часот.

Најново во Ракомет