АКТУЕЛНИОТ ШАМПИОН НЕ ГУБИ ВРЕМЕ

УНГАРСКИОТ ТИМ ВО НАПАД: Ѓер ја заверува Драгана Цвијиќ?

Големите европски клубови не губат време, а најмалку актуелниот шампион во Лигата на шампионите. По Амандин Лејно во таборот на Ѓер од следната сезона ќе ја гледаме и Драгана Цвијиќ. 

објавено: 31 јануари 2018 - 14:42

Три дена по информацијата дека ЖРК Вардар за следната сезона се располага со минимален буџет, на „пазарот“ се случи вистинско лудило. Секојдневно на адресата на „црвено-црните“ дами доаѓаат понуди, а засега најдобро се снаоѓа актуелниот бранител на титулата во Лигата на шампионите, Ѓер.

Унгарскиот тим не губи време. По голманката Амандин Лејно за која и тамошните медиуми тврдат дека веќе има потпишано договор, челниците на клубот испратиле атрактивна понуда до една од најдобрите ракометарки на ЖРК Вардар во моментов, Драгана Цвијиќ. Српската интернационалка која поседува огромен квалитет ќе дојде на местото на екс-вардарката Ања Алтхаус, која е повредена и чиј договор истекува на крајот на оваа сезона.

Што се однесува до Амандин Лејно ќе биде замена за Ева Киш, која исто така има договор до крајот на оваа сезона. 

Од актуелниот состав на ЖРК Вардар, Александар Лакрабер официјално потпиша за француски Флер. Романските медиуми најавија дека Јованка Радичевиќ е близу до трансфер во ЧСМ Букурешт. 

  

Најново во Ракомет