НИШТО НОВО КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ШАМПИОНОТ

УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ СРАМ: Рајн Некар го понижи Монпелје

Рајн Некар е еден од тимовите во Лигата на шампионите кои му одржа лекција на бранителот на титулата во Лигата на шампиони. 

објавено: 7 ноември 2018 - 20:36

Ништо ново во Лигата на шампиони, барем кога станува збор за Монпелје. Бранителот на титулата го запиша шесттиот пораз, откако на гостувањето кај Рајн Некар беше декласиран со 37-27 во првиот меч од седмото коло во елитното натпреварување.

Дека ова ќе биде дуел кој ќе заврши во корист на „лавовите“ беше познато по првото полувреме, во кое домашниот тим имаше позитива од три гола (16-13), по одморот ништо не се смени на теренот. Рајн Некар го полнеше голот на Монпелје.

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески не се запиша во листата на стрелци, каде Сигурдсон со 11 погодоци беше прво име.

По седмото коло РНЛ има скор од пет победи и два порази, и во моментов се искачи на второто место на табелата во групата А, пред Вардар. Македонскиот првак во недела игра важен меч за лидерската позиција, во Скопје гостува Барселона. 

Најново во Ракомет