ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ НА ГЛЕДАЧИ

Вардар - Барса е меч од висок ризик

Натпреварот од 5. коло во групната фаза од лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона ќе биде меч од висок ризик поради големиот број на гледачи што се очекуваат во салата во СЦ „Јане Сандански" во сабота.

објавено: 13 октомври 2017 - 13:11

Натпреварот од 5. коло во групната фаза од лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона ќе биде меч од висок ризик поради големиот број на гледачи што се очекуваат во салата во СЦ „Јане Сандански".

„РК Вардар во соработка со полицијата реши за саботниот натпревар да го затвори паркингот до салата за користење. Поради тоа им се препорачува на сите гледачи навреме да дојдат во салата, а доколку патуваат со автомобил да бидат свесни дека е можно да има застој во сообраќајот поради очекуваниот голем број на гледачи во салата.

Истовремено ги потсетуваме сите гледачи дека во салата е забрането внесување на тврди предмети, и контролата на влезовите ќе биде вообичаена за ваков тип на натпревари“, се вели во соопштението на РК Вардар.

Средбата меѓу Вардар и Барселона е закажана за в сабота од 17,30 часот.

Најново во Ракомет