Искусниот голман остана во Скопје

Вардар без Ангелов ќе ги скротува „лавовите“

Искусниот голман кој го одлучи натпреварот против РНЛ пред повеќе од една година, ќе остане во Скопје бидејќи клубот има право да пријави само двајца чувари на мрежата. Покрај Ангелов, со тимот не отпатува ниту Недановски

објавено: 16 ноември 2016 - 12:54

Петар Ангелов нема да биде дел од вардаровата експедиција која што ќе отпатува за Франкфурт, во утрешниот меч против Рајн Некар Левен. Популарниот Диви, кој во октомври минатата година практично со своите девет интервенции во второто полувреме му ја донесе победата на Вардар (25:19) токму над Рајн Некар Левен ќе остане во Скопје. Правилот на ЕХФ во кое што се вели дека клубот може да пријави два голмани е исполнето со Штербик и Милиќ.

Ангелов, најчесто оваа сезона не беше во плановите на тренерот Раул Гонзалез, кој за овој меч се одлучи да го изостави и Владо Недановски. Вардарци веќе „летнаа" за Франкфурт, а утрешниот меч кој ќе одлучува за првото место во групата Б ќе се игра во 19:00 часот.

Најново во Ракомет