МАКЕДОНСКИОТ ТИМ СО ИСТИ СИЛИ И ВО ТРЕТОТО КОЛО

Вардар без Гедбан и против Веспрем

Роберто Парондо и на третиот меч во Лигата на шампионите на располагање ќе го има истиот тим како претходно.

објавено: 28 септември 2018 - 09:00

Роберто Парондо и на третиот меч во Лигата на шампионите на располагање ќе го има истиот тим како претходно. Односно без повредените Сергеј Горбок и Стојанче Стоилов, а во тимот нема да го има ниту алжирскиот репрезентативец Калифа Гедбан, кој во Скопје ја чека шенген визата со која ќе може да патува низ Европа.

Вардарци претпладнево со авион заминуваат за Виена, а од таму имаат три часа возење со автобус до крајната дестинација – Веспрем. „Црвено-црните“ ќе одработат еден тренинг, последниот пред утрешниот дуел со унгарскиот вице-првак, кој е закажан со почеток во 17:30 часот. 

Најново во Ракомет