„црвено-црните“ денеска патуваат во унгарија

Вардар без Карачиќ, но со Милиќ против Сегед

Европскиот првак в сабота, гостува кај унгарскиот противник

објавено: 6 октомври 2017 - 11:21

Европскиот првак Вардар се надева дека и на гостувањето во Унгарија кај Сегед, ќе ја продолжи серијата победи во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ утрово го одработија последниот тренинг пред патувањето, на дуелот од четвртото коло во елитната европска лига. 

Избраниците на тренерот Раул Гонзалез се единствени во групата со максимални шест бода досега и три победи од исто толку натпревари, додека Сегед по стартниот пораз од Нант на гости, врза две победи и тоа против Загреб на гостински терен и против Кристијанштад пред своите навивачи.

По последниот утрински тренинг, тренерот Раул го кажа списокот на патници за Унгарија. Во составот ќе ги нема Игор Карачиќ, Тоше Ончев, Даниел Ѓоргески и Мартин Поповски, додека за прв пат сезонава, во тимот за меч од ЛШ ќе биде голманот Страхиња Милиќ. 

Најново во Ракомет