ПИКЕРОТ ОСТАНА ВО СКОПЈЕ

Вардар без Мораес против Келце

Македонскиот првак, Вардар на натпреварот против Келце ќе настапи без Рожерио Мораес. 

објавено: 12 октомври 2018 - 18:32

Вардар сепак не отпатува комплетен во Келце. Како што дознава „Спортмедиа“ во Келце не отпатувал Рожерио Мораес. Овој пат повредата на коленото не е причината поради која големиот борец остана во Скопје. Бразилецот овие денови имал висока температура, најверојатно станува збор за вирозата која овие денови е актуелна. 

Состојбата на Мораес не се подобрила до утринава, па Роберто Гарсија Парондо одлучи да не патува со тимот. Добра вест е што во тимот навреме се врати капитенот, Стојанче Стоилов. Во составот на Вардар нема да биде ниту новото засилување Кристијан Дисингер, право на настап ќе има во шестото коло. 

Натпреварот меѓу Келце и Вардар се игра во недела со почеток во 17 часот. 

 

Најново во Ракомет