НЕ ИМ УСПЕА НА БАРСА, ВЕСПРЕМ, ПИК СЕГЕД...

Вардар е првиот тим кој по долго време го урнал Кил на домашен терен во 1/4 финалето

Македонскиот и европски првак на гостувањето кај германскиот тим направи голем подвиг. Ја прекина доминацијата на Кил во „Шпаркасе“ Арената која траеше цели осум години. 

објавено: 23 април 2018 - 16:00

ЕХФ соопшти убав податок пред реванш мечот меѓу Вардар и Кил во рамките на четвртфиналето во Лигата на шампионите закажан за во недела (17 часот). „Црвено-црните“ не само што во голем стил го совладаа бундес-лигашот во самиот финиш на мечот, туку направија голем подвиг.

Кога станува збор за четвртфиналните мечеви, Кил во последните осум години немал пораз во „Шпаркасе“ Арената. Во изминатиот период на теренот на „зебрите“ минале големи имиња како Барселона, Веспрем, Пикс Сегед, ППД Загреб, па и Металург. Но никој не успеал да дојде до победа.

По осум години оваа доминација ја прекинаа Раул Гонзалез и неговите избраници, кои се најдоа на чекор до нов пласман на Ф4 во Келн каде ќе ја бранат шампионската титула. Начинот на кој дојдоа до победата, но водството во поголем дел мечот, како и пеколната атмосфера која можат да ја приредат фановите на Вардар е повеќе од доволна причина да се надеваме дека повторно ќе пишеме историја.

 

Најново во Ракомет