ВО НОВОТО РАНГИРАЊЕ, ЕХФ ГО СМЕСТИ ШАМПИОНОТ НА ВРВОТ

ВАРДАР ВО ФОКУСОТ: „Црвено-црните“ со најдобра одбрана во Европа

„Бранителот на титулата е школски пример за одлична одбрана. Дефанзивата на Вардар ја сочинуваат три елемнти: тактички, физички и психички“, стои во објаснувањето на Европската ракометна федерација. 

објавено: 3 септември 2017 - 21:18

Ново рангирање од страна на ЕХФ пред стартот на сезоната. Стручњаците на европската ракометна федерација овој пат направија Топ 10 листа на најдобри одбрани, а врвот му припадна на Вардар. Избраниците на Раул Гонзалез не случајно ја имаат улогата на бранител на титулата во новата сезона, токму дефанзивата им го отвори патот до шампионскиот пехар.

„Бранителот на титулата е школски пример за одлична одбрана. Дефанзивата на Вардар ја сочинуваат три елемнти: тактички, физички и менатлен. И не е долична само поради Илија Абутовиќ, Мијајло Арсениќ и Вуко Борозан и слични...Тимот на Раул Гонзалез прими најмалку голови во сезоната 2016/17, и создаде најмногу шанси токму благодарение на одбраната и транзицијата, како никој друг тим. Во претстојната сезона, се очекува уште повеќе, бидејќи доаѓањето на Даини Кристопанс го нагласува тактичкиот пристап кој го доведе македонскиот тим до трофејот", стои во објаснувањето на ЕХФ.

Пред неколку дена ЕХФ го смести македонскиот тим на четвртото место на Топ 10 листата на екипи од кои најмногу се очекува во новата сезона. 

 

Најново во Ракомет