НАВРЕМЕ ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ МЕСТО

Вардар ги пушти во продажба билетите за Мешков и за Барселона

Од денеска во слободна продажба можат да се најдат билетите за следните два домашни натпревари на Вардар во Лигата на шампионите, против Мешков и против Барселона.

објавено: 10 октомври 2018 - 10:00

По дуелот со Келце во недела ќе следи пауза во Лигата на шампионите поради ЕХФ-неделата која е резервирана за репрезентациите. Шесттиот натпревар од елитното натпреварување Вардар ќе го игра на 3 ноември против Мешков Брест на домашен терен, додека пак осум дена подоцна во „Јане Сандански“ гостин ќе биде Барселона.

Од таборот на „црвено-црните“ по спектаклот против Рајн Некар одлучија од денеска да ги пуштат во продажба поединечни билети за трибините и за А блоковите.

Цената на поединечните билети за дуелот со Мешков и со Барселона се:

* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Билетите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk.

По четири одиграни натпревари во група А во Лигата на шампионите Вардар е лидер со максимален број на бодови.

 

Најново во Ракомет