РАКОМЕТАРОТ НА ШАМПИОНОТ СО НОВ ИМИЏ

Вардар го има и „Бетмен“

Европскиот и македонски првак, Вардар следниот натпревар во Лигата на шампионите го игра на 4. ноември против Кристијанштад на гостински терен. 

објавено: 26 октомври 2017 - 14:35

Европскиот и македонски првак, Вардар следниот натпревар во Лигата на шампионите го игра на 4. ноември против Кристијанштад на гостински терен. Се поизвесно е дека за овој дуел, Раул Гонзалез на располагање ќе го има Рожерио Мораес, кој поради скршеница на носот пропушти две средби во СЕХА-лигата.

Откако Бразилецот се пофали дека се вратил на тренинзите, тој денеска ја покажа и заштитната маска која ќе мора да ја носи одреден период. Пикерот на македонскиот шампион наликува на „Бетмен“...

 

Најново во Ракомет