ПО ДОЛГИ ГОДИНИ, ТВ-МРАК НА НАШИТЕ ПРОСТОРИ

Вардар го урна европскиот првак, а пола Македонија не го виде тоа

Штета, голема штета...Вардар му одржа шампионска лекција на бранителот на титулата на стартот во новата сезона од Лигата на шампионите, Монпелје (27-24), а пола Македонија немаше можност да го види тоа.

објавено: 15 септември 2018 - 19:37

Штета, голема штета...Вардар му одржа шампионска лекција на бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Монпелје (27-24), а пола Македонија немаше можност да го види тоа. Во последен момент МТВ излезе со информација дека по долги години нема да ги пренесува натпреварите од елитното натпреварување, поради новите услови кои ЕХФ им ги понуди.

Во меѓувреме никој не се потруди да обезбеди директен пренос, фановите на Вардар беа бесни, линкот на ЕХФТВ не функционираше, како замена за Арена 4. 

По ваквата игра на „црвено-црните“ момци мора веднаш да се превземат мерки, ТВ МРАКОТ да се реши во најскоро време, бидејќи Вардар, заедно со Металург се единствениот европски бренд во моментов во Македонија. 

Најново во Ракомет