Реваншот во Скопје ќе се игра во текот на неделата

Вардар и Флензбург ги дознаа термините за четврт-финалните дуели

Првиот натпревар кој се игра во Германија е закажан за 22, додека реваншот во Скопје ќе се игра во четврток на 27 април со почеток од 19 часот

објавено: 4 април 2017 - 14:05

Екипите на Вардар и Флензбург ги дознаа термините во кои ќе се играат четврт-финалните средби од Лигата на шампионите. Така, првиот меч во Германија ќе го одиграат на 22 април во сабота со почеток од 17:30 часот. Но, она што предизвикува внимание е одлуката реваншот во Скопје да се одигра пет дена подоцна, односно во четврток на 27-ми со почеток од 19:00.

Нашиот првак нè навикна со термините кои се претежно во сабота и недела, па затоа и ваквата одлука за во четврток изгледа помалку чудно. Но, веруваме дека тоа нема да ги поремети плановите на „црвено-црните" кои имаат една цел, а тоа е пласман на фајнл-фор турнирот во Келн.

Најново во Ракомет