Поредокот во групата А е познат, Барселона и покрај поразот останува лидер со 18 бода, три повеќе од Вардар. По триумфот на македонскиот првак на гостувањето кај Рајн Некар, Веспрем и Келце остануваат да му „дишат во врат“ на Вардар, двата тима имаат еден бод помалку. Но, дали Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници ќе останат на второто место ќе биде познато следниот викенд, во Скопје гостува Веспрем.
Кристијаншат и Келце го затворија ова коло, а шведскиот тим не успеа да приреди изненадување, падна во последните неколку минути, немаше решение за расположениот Јурецки, кој со неговите 11 погодоци донесе победа на својот тим од 33-34 (15-16). Победата на Келце добива тежина ако се земе во предвид дека во својот состав го немаше повредениот Лука Циндриќ.