Има само еден начин да се мине германскиот тим

Вардар има свој „адут“, фановите ќе бидат пресудни за фајнл-фор (ВИДЕО)

Македонскиот првак ја има едни од најдобрите навивачи во Лигата на шампионите, а тоа најдобро го знае германскиот тим кој пред четири години гостуваше во СЦ „Борис Трајковски", каде што наиде на вистински пекол

објавено: 19 април 2017 - 20:07

Ракометарите на Вардар се во очекување на најважните два меча во сезоната. Како што е познато, „црвено-црните" во четврт-финалето од Лигата на шампионите ќе се соочат со Флензбург, германскиот тим кој е стар должник.

Овие две екипи се сретнаа пред четири сезони, кога на крајот се радуваше германскиот колектив кој обезбеди пласман на фајнл-фор турнирот. Но, тоа беше еден друг Вардар.
Сега, нашиот првак е многукратно појак, но за пласман на Ф4 ќе биде потребен и „адут". Тоа е публиката. Пред четири години во СЦ „Борис Трајковски", навивачите на Вардар ја направија една од најдобрите атмосфери во историјата на овој спорт.

Така треба да биде и на 27, односно идниот четврток во СЦ „Јане Сандански", каде што Флензбург едноставно мора да се „распадне" од притисокот, а македонскиот шампион да се радува на првиот и историски пласман на фајнл-фор турнирот.

Најново во Ракомет