Кој е Даинис Кристопанс?

Вардар ќе добие „ѕвер“ кој игра квалитетен ракомет

„Не само што е голем, туку и знае да игра добар ракомет" изјави низ смеа тренерот на ППД Загреб Веселин Вујовиќ за новото засилување на Вардар

објавено: 14 октомври 2016 - 17:41

Со импресивните 217 центиметри и 135 килограми, новата аквизиција на Вардар, Даинис Кристопанс претставува највисок и најтежок играч, барем во професионалниот ракомет.
Десниот бек кој во Скопје ќе пристигне како замена за Алес Душебаев кој по крајот на сезонава ќе замине во Келце е вистински „ѕвер", кој има одлични предиспозиции.

За својата килажа и висина е доста брз, а најважното од се е што не е голем трошач на топки и е „писмен" кога станува збор за оваа игра. Впрочем, најдобар опис низ смеа даде тренерот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ кој кажа „Тој ракометар ќе ни задава големи проблеми бидејќи, несреќата да биде поголема, освен што е голе, Дианис знае да игра ракомет".

СЕ ПОИСТОВЕТУВА СО ТИМ ДАНКАН

Со свои 16 години Кристопанс веќе го надмина квалитетот на летонското првенство каде што настапувал за Летголса, додека на 18 се пресели во Татран од Словачка. Патиштата го однесоа малку во Катар, а во Мешков ги докажа своите квалитети.

„Никогаш не сум играл на крилните позиции, сепак сум малку преголем за тој дел" изјави Кристопанс кој својот идол го пронашол надвор од ракометот. „Тим Данкан. Тоа е човекот со кој се поистоветувам. Вистинска спортска легенда" кратко додаде Летонецот.

Своите квалитети, Даинис ќе може да ги покаже веќе утре и тоа на незгодното гостување кај „плинарите", исто така во меч од групата Б во Лигата на шампионите.

Најново во Ракомет