ПОЗНАТ СОСТАВОТ ЗА ДУЕЛОТ СО ВИСЛА

Вардар ќе напаѓа со Циндриќ и Марсениќ, но ќе биде без Милиќ на голот

И дефинитивно во составот на европскиот првак за дуелот против Висла Плоцк ќе бидат Лука Циндриќ и Мијајло Марсениќ. Поради проблеми со грбот Страхиња Милиќ ќе го пропушти овој меч. 

објавено: 17 септември 2017 - 17:58

Како што најави „Спортмедиа“, дефинитивно во составот на Вардар за денешниот дуел против Висла Плоцк ќе бидат Лука Циндриќ и Мијајло Марсениќ. По потврдата на лекарскиот тим дека и двајцата ракометари успешно ги надминаа повредите, конечната одлука дали ќе настапат на гостување во Полска требаше да ја даде Раул Гонзалез.

Во составот на Вардар ќе го нема Страхиња Милиќ, кој уште пред заминувањето за Плоцк се пожали на болки во грбот. Поддршка на Арпад Штербик ќе му биде младиот голман Даниел Ѓорѓески. 

ВАРДАР: Штербик, Ѓорѓески, Стоилов, Кристопанс, Мораес, Македа, Карачиќ, Абутовиќ, Кањељас, Циндриќ, Чупиќ, Дибиров, Шишкарев, Борозан, Војводиќ и Марсениќ.

Натпреварот меѓу Висла и Вардар започнува во 19 часот.

Најново во Ракомет