ШАМПИОНОТ СО ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Вардар со апел од навивачите пред дуелот со Барселона

Во недела СЦ „Јане Сандански“ за првпат сезонава ќе биде исполнет до последното место, причината веќе е добро позната, гостува Барселоба во меч од Лигата на шампионите.  

објавено: 7 ноември 2018 - 19:16

Во недела СЦ „Јане Сандански" за првпат сезонава ќе биде исполнет до последното место, причината веќе е добро позната, гостува Барселоба во меч од Лигата на шампионите. Од таборот на македонскиот првак на својот официјален интернет портал објавија важна информација пред натпреварот. 

„Се известуваат сите гледачи кои имаат купено билети за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона дека влезот ќе им биде дозволен само на оние што ќе имаат билет, и нема да биде дозволено внесување на деца без билети.

Со еден билет ќе може да влезе во салата во СЦ „Јане Сандански" само еден посетител.

Бидејќи капацитетот на салата е исполнет за неделниот натпревар, и поради зголемените мерки на безбедност се молат сите посетители да се придржуваат кон препораките.

Натпреварот со Барселона е закажан за в недела од 17 часот.
Почнувајќи од 15 часот ќе има и фан зона пред салата во која сите посетители ќе можат заедно да се дружат, а ќе има и специјално мени за храна и пијалоци“, велат од Вардар. 

Најново во Ракомет