Европскиот шампион го дозна „редот на возење" во ЛШ

Вардар тргнува во одбрана на тронот од Полска, на 17 септември

Според распоредот, „црвено-црните" првиот домашен меч ќе го играат на 23 септември (во 17.30 часот), кога во Скопје ќе го пречекаат Нант, сега предводен од нашиот репрезентативен капитен Кире Лазаров.

објавено: 8 август 2017 - 21:51

Конечно, европската ракометна федерација ги официјализираше точните термини за одигрување на натпреварите од првите пет кола групната фаза во Лигата на шампионите, каде Вардар ќе ја брани титулата.

Ракометарите на Вардар својата одбрана на европската титула во Лигата на Шампионите ќе ја стартуваат на 17. септември. И тоа во Полска, односно на гостувањето кај Висла Плоцк, во првото коло од новата сезона.
Онаа во која „црвено-црните" се надоа во група со екипите на Висла Плоцк, Нант, ППД Загреб, ПИК Сегед, Кристијанштад, Рајн Некар и Барселона.
Според распоредот, „црвено-црните" првиот домашен меч ќе го играат на 23 септември (во 17.30 часот), кога во Скопје ќе го пречекаат Нант, сега предводен од нашиот репрезентативен капитен Кире Лазаров.

РАСПОРЕД НА ПРВИТЕ ПЕТ МЕЧЕВИ НА ВАРДАР ВО ЛШ
1 коло (17 септември): Висла – Вардар
2. коло (23 септември): Вардар – Нант
3 коло (1 октомври): Вардар – ППД Загреб
4 коло (7 октомври): ПИК Сегед – Вардар
5 коло (14 октомври): Вардар – Барселона

Најново во Ракомет