МАКЕДОНСКИОТ ТИМ КОНЕЧНО ПОЛЕТА ОД ВИЕНА

Вардарци пристигнаа во Хамбург и порачаа: Спремни сме за Флензбург

Неочекувано, патот на екипата на Вардар кон Флензбург траеше подолго од очекувањата. Поради дефект на авионот, македонскиот тим речиси пола ден заглави на аеродромот во Виена. Она што е најважно е дека „црвено-црните“ пред неполн час стигнаа во Хамбург од каде со авотбус треба да стигнат до крајната цел Флензбург. 

објавено: 20 април 2017 - 23:09

Неочекувано, патот на екипата на Вардар кон Флензбург траеше подолго од очекувањата. Поради дефект на авионот, македонскиот тим речиси пола ден заглави на аеродромот во Виена. Она што е најважно е дека „црвено-црните" пред неполн час стигнаа во Хамбург од каде со авотбус треба да стигнат до крајната цел Флензбург.

И покрај тоа што избраниците на Раул Гонзалез цел ден го минаа во пат, сепак ќе имаат доволно време за одмор пред првата четвртфинална пресметка со Флензбург во рамките на Лигата на шампиони. 

„Нашите момци после долгиот пат стигнаа во Хамбург. Спремни сме за првиот натпревар од 1/4 финалниот дуел со екипата на Флензбург“, пораача од таборот на Вардар на својата официјална страница.

 

Најново во Ракомет