НА УТРЕШНИОТ ДУЕЛ ПРОТИВ КРИСТИЈАНШТАД ВО ЛШ

Вардарци заслужуваат шампионско испраќање на 2017 во „Јане Сандански“

Девет месеци трае доминацијата на Вардар на стариот континент или уште попрецизно 14 натпревари во низа немаат вардарци загубено во Лигата на шампионите. Ваквата доминација на Раул Гонзалез и неговите избраници, фановите на „црвено-црните“ треба да ја наградат со полни трибини. 

објавено: 1 декември 2017 - 11:50

Фановите на Вардар се пред уште еден голем тест. Она што го посакуваа, нивните миленици го исполнија.  Девет месеци трае доминацијата на „црвено-црните“ во Европа или уште попрецизно 14 натпревари во низа немаат вардарци загубено во Лигата на шампионите. Последното лошо искуство го имале на гостувањето во „Викторија" кај Мешков Брест на почетокот на март. Оттогаш па наваму македонската јавност ја живее најубавата ракометна бајка. 

Токму затоа Вардарци утре против Кристијанштад во последниот меч од елитното натпреварување од оваа година заслужуваат полни трибини и шампионско испраќање на истата, во која нашиот тим ја освои титулата во Лигата на шампиони. На еден пред овој меч, останатите се уште 1.000 билети за седење и околу 370 на стоење.

Иако дуелот меѓу Вардар и Кристијанштад не е дерби на колото, сепак дел од вниманието ќе биде насочено кон Скопје. Сите очекуваат фешта, нешто на што се навикна европската јавност кога станува збор за дуелите во СЦ „Јане Сандански“.

 

 

Најново во Ракомет