Српската ракометарка е со тимот

Вардарки добиваат „помош“ од Лекиќ

Иако беше најавено дека организаторот на играта ќе остане во Скопје поради здравствени проблеми, сепак Лекиќ е заедно со тимот во Данска, но, останува непознато дали ќе игра

објавено: 8 април 2017 - 19:31

Андреа Лекиќ сепак отпатува со тимот на ЖРК Вардар во Данска. Српската ракометарка кој е организатор на играта на македонскиот шампион иако беше најавено дека ќе остане да се рехабилитира во Скопје, таа се качи во авионот.

Вардарки утре играат против Митјиланд на гостински терен од 17:00 часот во првиот четврт-финален меч од Лигата на шампионите.

Сепак, останува непознато дали Андреа е физички подготвена да истрчна на теренот, знаејќи дека пред околу десеттина дена имаше оперативен зафат. Таа во средата го имаше првиот полесен тренинг и беше најавено дека ќе остане во Скопје. Поради повреда, Андреа Човиќ нема да може да им помогне на „црвено-црните" во првиот меч против Митјиланд.

Најново во Ракомет