ТРИ РАКОМЕТАРКИ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ВО ИЗБОРОТ НА ЕХФТВ

ВАРДАРКИ ДОМИНИРААТ: Лејно со трета најдобра одбрана, Ристовска со еден од најубавите погодоци, Лекиќ меѓу ѕвездите (ВИДЕО)

ЖРК Вардар се врати на победничките патеки, на домашен терен го совлада Битигхајм со 30-22 (13-8) и со 16 бода го осигура првото место во главната фаза во Лигата на шампионите. 

објавено: 5 март 2018 - 07:59

ЖРК Вардар се врати на победничките патеки, на домашен терен го совлада Битигхајм со 30-22 (13-8) и со 16 бода го осигура првото место во главната фаза во Лигата на шампионите. По завршување на претпоследното коло во изборот на ЕХФТВ се најдоа три ракометарки на македонскиот првак.

Веќе не е ништо ново ако се каже дека Амандин Лејно е во Топ-5 листата на најдобри одбрани. Вардаровата голманка која е главен мотор на „црвено-црните“ сезонава ја има третата одбрана.

Најдобрите пет одбрани може да ги видите на овој ЛИНК.

Сара Ристовска одлично ја користи доделената доверба на стручниот штаб. За нејзината добра игра против германскиот тим дојде потврда од ЕХФТВ, еден од четири погодоци се најде на четвртото место на најдорите погодоци за ова коло.

Топ-5 листата на најдобрит голови може да ја видите ТУКА.

Андреа Лекиќ оваа сезона игра во најдобра форма. На дуелот против Битигнхајм беше прв стрелец со осум гола, па токму затоа се најде меѓу „Трите ѕвезди“ во ова коло.

Изборот на ЕХФТВ може да го видите на овој ЛИНК.  

Најново во Ракомет