Македонскиот првак се надева дека ќе се врати на победите

Вардарки имаат француски клуч за Мец

„Црвено-црните" девојки по минатонеделниот пораз од Будуќност, во Франција посакуваат враќање на победничките патеки со што ќе се задржат на првото место во групата

објавено: 5 март 2017 - 14:30

ЖРК Вардар денеска против Мец (15ч.) го игра и одлучувачкиот натпревар во групната фаза. За неполн час, вардаровите девојки ќе се соочат со незгодниот француски тим, кој во Скопје за малку не си замина со бод.

Победата е единствената опција за „црвено-црните" кои само така ќе го задржат врвот (секако сметајќи дека ФТЦ ќе победи на гости кај Турингер). Во овие моменти, македонскиоти унгарскиот тим имаат по 13 бодови, но, поради подобар меѓусебен скор, Вардар е на првото место.

И покрај тоа што Мец влегува со свои пресметки во оваа средба, јасно е дека фаворитската улога е на страната кај гостите.

Според изјавите од македонскиот табор, нашиот првак е подготвен за одбраната 3-2-1 со која Мец изненади во Скопје. И доколку е тоа така, тогаш противникот не би требало да претставува проблем. Но, Мец не смее да се потцени, и како што пишавме, на мечот во „Јане Сандански" немаа среќа да дојдат до еден бод. Како што е познато, Французинките имаа напад за реми, кој не го реализираа а на спротива, Јованка Радичевиќ погоди и ја потврди победата од 23:31.

На две кола пред крајот на главната фаза,ЖРК Вардар и ФТЦ се на делба на првото место со по 13 бодови, но, поради подобар меѓусебен дуел, нашиот тим е лидер. Зад нив е Будуќност со 10, па потоа следува Мец со шест, Турингер со четири и Астраханочка со два бода.

Најново во Ракомет