ВРХЛ ПОСЛЕДЕН ТЕСТ ПРЕД БУДИМПЕШТА

Вардарки на крунисување во Подгорица

Македонскиот шампион патува за Подгорица каде утре и задутре ќе се одигра последниот турнир од регионалното натпреварување. 

објавено: 23 април 2018 - 12:30

Вардар веќе ја одбрани титулата во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига, а во вторник и среда во Подгорица се игра последниот турнир, каде повторно ќе го подигнат пехарот и ќе ги добијат медалите. Бидејќи резултатот нема никакво значење за „црвено-црните“ ова ќе биде добар тест пред фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, каде во полуфиналето силите ќе ги одмерат со Ростон Дон.

Вардарки имаат само едно реми сезонава во регионалната лига, и седум победи, а го има и најдобриот напад со 220 постигнати голови. Сезонава се одиграа пет турнири наместо ланските четири, а само Подравка го откажа играњето.

По осум одиграни натпревари Вардар е прв на табелата со 15 бода, пред Будуќност со 8 и Крим со 4 бодови.

Во вторник, 24 април е закажан дуелот со Будуќност во 19 часот во СЦ Верде, а следниот ден Вардар игра  со Крим.

Најново во Ракомет