"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ДОБИЈА СТАР ПОЗНАНИК

Вардарки одново против Митјиланд за пласман на Ф4

ЖРК Вардар и оваа сезона пласманот на фајнл-форот во Будимпешта ќе го бара против Митјиланд.

објавено: 10 март 2018 - 20:31

Македонскиот шампион доби стар познаник во четвртфиналето во Лигата на шампионите. 

ЖРК Вардар и оваа сезона пласманот на фајнл-форот во Будимпешта ќе го бара против Митјиланд. Ракометарките на данскиот тим во последниот меч од главната фаза го добија дуелот со НХФ Никобин (24:20) завршија на четвртото место на табелата во групата 2.

Минатата година Вардар ги доби двата меча, на гостински терен славеше со 28:26, додека на реванш дуелот во Скопје победи со 26:24.

Првите мечеви се закажани за 6 или 8 април, додека реваншите ќе се играат на 13 или 15 истиот месец. ЖРК Вардар како првопласирана екипа во главната фаза реваншот ќе го игра во Скопје.

Фајнл-фор турнирот кој се игра во Будимпешта е закажан за 13 до 15 мај.

Најново во Ракомет