МЕТАЛУРГ СО ГОЛЕМ ОТПИМИЗАМ ПРОТИВ БЕШКИТАШ

Велковски: Време е за прва гостинска победа

Викдендот со бројните настапи на македонските екипи во Европа, прв го отвара Металург. Данило Брестовац и неговите избраници му гостуваат на Бешикташ и Немања Прибак, дуелот почнува во 14 часот. 

објавено: 17 ноември 2018 - 10:36

Двата тима се на дното на табелата во групата Ц, Бешикташ има една победа повеќе од Металург, кој пак на реванш дуелот ќе настапи во поинаков состав од оној во Скопје кога беше совладан со 22-30. 

Грешките од последниот натпревар со Спортинг се анализирани, а во таборот на македонскиот вицепрвак се надеваат дека ќе дојдат до првата гостинска победа во Лигата на шампионите. 

„Одморивме добро овие неколку дена, го анализиравме мечот со Спортинг и 'глупостите' кои ги направивме во последните десет минути од дуелот со нив и се надевам дека ќе научиме нешто. Со оптимизам дојдовме во Истанбул. Мислам дека време е за прва победа на гости...
Бешикташ не е во форма, но факт е дека секогаш играат добро со нас. Имаме и ние што да покажеме, па се надевам на интересен меч од кој ќе се вратиме како победници", вели Мартин Велковски.

Овој натпревар може да го го гледате на Арена Спорт 2. 

Најново во Ракомет