ИМА ПРИЧИНА ЗОШТО 200 УНГАРСКИ ФАНОВИ ДОАЃААТ В САБОТА

Веспрем со мотив плус на мечот во Скопје

Унгарскиот тим во дуелот против Вардар во Скопје ќе го игра јубилејниот 300-ти натпревар во Лигата на шампионите.

објавено: 12 февруари 2019 - 12:00

ЕХФ „мечот на неделата" меѓу Вардар и Веспрем, в сабота (17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански" во Скопје нема да значи само директна битка за второто место во групата А.

За унгарскиот тим ќе носи дополнителен мотив за победа, бидејќи тоа е нивниот јубилеен 300-ти натпревар во најсилното европско клупско натпреварување.

И ракометарите, но и фановите на Веспрем сакаат да го прослават со триумф, па од таму и поддршката од 200 фанови кои доаѓаат во нашата престолнина викендов.

Вардар соочувањето го чека како второпласиран во групата А со 15 бода, додека Веспрем е на третото место со еден помалку.

Колку за потсетување Вардар во септември, во првиот меч со Веспрем во групната фаза славеше со 27:25.

 

Најново во Ракомет