ЕХФ пресуди во корист на „металурзите“:

Висла мора да му плати на Металург за Обрадовиќ

Немања Обрадовиќ има валиден договор со Металург на уште една сезона и нема да може да се пресели во Висла Плоцк доколку полскиот вицепрвак не исплати отштета на клубот од „Автокоманда".

објавено: 17 август 2017 - 15:03

Немања Обрадовиќ има валиден договор со Металург на уште една сезона и нема да може да се пресели во Висла Плоцк. Секако под услов доколку полскиот вицепрвак не исплати отштета на клубот од „Автокоманда".

Вака гласи  одлуката на Арбитражата на ЕХФ, која утврдила дека трансферот на српскиот бек е невалиден и истиот може да се реализира само со „зелено светло“ од раководството на македонскиот вицешампион. Арбитражата се прогласила ненадлежна за утврдување на сумата што Полјаците треба да ја платат, порачувајќи им на клубовите да најдат заеднички јазик.

Обрадовиќ лани потпиша за Висла, но Металург веднаш реагираше на тоа.

Сепак Србимнот, за кој од Висла инсистираа дека е слободен. ги стартуваше подготовките во полскиот клуб.

Заттоа ќе биде интересно дали полскиот клуб ќе се согласи да му плати на Металург, или пак целосно ќе го откаже веќе договорениот трансфер, но само од едната страна.

Најново во Ракомет