ЗА ПРВПАТ СЕЗОНА, ТРИБИНИТЕ ЌЕ „КРЦААТ“

ВУЛКАНОТ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ПРЕД ЕРУПЦИЈА: Распродадени билетите за Вардар - Барса

Европскиот првак, Вардар за првпат сезонава ќе игра пред полни трибини и тоа на еден од најважните натпревари во Лигата на шампионите. Во Скопје гостува Барселона, ова ќе биде дуел за првото место во групата А.

објавено: 12 октомври 2017 - 12:07

Европскиот првак Вардар за првпат сезонава ќе игра пред полни трибини, вулканот „Јане Санднаски“ ќе еруптира во сабота, кога во Скопје гостува Барселона. Билетите за овој меч се распродадени, нема веќе ниту карти за стоење и покрај тоа што во моментов на „ticketplus.mk“ стои дека има уште 700 слободни места, каталонскиот гигант дефинитивно го чека вистински „пекол“.

Оваа информација доаѓа во вистинско време, Раул Гонзалез и неговите избраници ќе имаат уште поголем мотив да го совладаат тимот за кого настапува Борко Ристовски и да се искачат на првото место на табелата во групата А, каде во моментов со Барселона имаат еднаков број на бодови.

 

 

 

Најново во Ракомет