Македонскиот првак Вардар е на чекор од прв, историски пласман на фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите откако денеска славеа на гостувањето кај Флензбург со 26:24. Тренерот на Флензбург, Љубомир Врањеш ја знае причината за поразот на неговиот тим.
„Честитки за Вардар, бидејќи дојдоа до победа која беше сосем заслужена. Одбраната им беше на високо ниво, а исто така и голманот. Беше тешко да постигнеме гол, особено во првото полувреме бидеќи Штербик беше маестрален и одбрани неколку неверојатни топки. Во вториот дел одигравме далеку подобро и бевме поразновидни во нападот. Ова не е резултат кој го посакувавме, но, знаеме дека можеме да одиграме на многу повисоко ниво" изјави тренерот на Флензбург.