ВО ФИНАЛНИОТ МЕЧ ПРОТИВ ЃЕР

Време е кармата да им врати на вардарки

Еден гол ја направи разликата лани и ги остави „црвено-црните" дами расплакани и без остварен сон. Нека им се насмевне среќата денеска!

објавено: 13 мај 2018 - 14:30

Од Будимпешта,

Весна Николовска и Марија Ковачева

Бесмртност, историја, титула – тоа бараат денеска ракометарките на ЖРК Вардар во финалето против Ѓер на Ф4 во Будимпешта во Лигата на шампионите. Второ за нив против овој противник.

Пред година дена едел гол ја направи разликата и ги остави „црвено-црните" дами расплакани и без остварен сон. Време е кармата да им врати на вардарки.

И традицијата е против нив. Во изминативе пет сезони, со исклучок на онаа премиерната, во сите останати македонскиот првак се сретнал со Ѓер, а скорот е 4-1-1 за Унгарките.

Но, ако некогаш било потребно да им се насмевне среќата, тоа се сега, денеска. Не за друго, туку навистина заслужуваат, со се што дадоа и направија вардаровите дами.

Последните солзи во Будимпешта нека бидат златни!

Најново во Ракомет