„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ДЕНЕСКА ЗАМИНУВААТ ЗА ПОЛСКА

Време е за нова победа: Вардар преку Варшава до Келце

Ракометарите на Вардар денеска (13:35 часот) ќе полетаат за Варшава од каде со автобус ќе стигнат до крајната дестинација. 

објавено: 12 октомври 2018 - 12:30

Вардарци ги спакуваа куферите, време е за нов тест во Лигата на шампионите. Ниту овој пат нема да биде лесно за избраниците на Роберто Гарсија Парондо, во недела му гостуваат на Келце во рамките на петото коло во елитното натпреварување.

Фактот дека македонскиот шампион тргна со четири победи е како дополнителен мотив за противниците, сите сакаат да ги урнат „црвено-црните“, кои пак со голема самодоверба тргнаа на ова гостување. Во експедицијата на Вардар нема да биде новото засилување Кристијан Дисингер, кој нема право на настап, но затоа првиот гостински меч во ЛШ ќе го одигра алжирскиот голман, Калифа Гедбан.

Ракометарите денеска во 13:35 ќе полетаат за Варшава од каде со автобус ќе пристигнат до крајната дестинација - Келце. Парондо и неговите момци ќе одработат два тренинга пред дуелот кој е закажан за во недела со почеток во 17 часот.   

Најново во Ракомет