МИЛОСАВЉЕВ ОСТАНУВА ГЛАВНА ОПЦИЈА МЕЃУ ДИРЕЦИТЕ

ЗАГЛАВИ ВИЗАТА: Нема деби за Гедбан

Алжирскиот младински репрезентативец, кој требаше веќе да биде во Скопје ќе мора уште малку да почека пред да го облече „црвено-црниот“ дрес.

објавено: 22 септември 2018 - 08:00

Најновото засилување на Вардар, голманот Калифа Гедбан ќе почека за деби во „црвено-црниот" дрес.

Македонскиот првак и натаму има административни проблеми (визата) за алжирскиот младински репрезентативец. Неговото доаѓање беше најавено за крајот на оваа седмица, но се чини дека ќе мора уште малку да почека.

Ова значи дека еден од хероите на првиот меч – Дејан Милосављев одново ќе го има главниот збор меѓу диреците и за дуелот со Кристијанштад попладнево (17:30 часот), кој воедно е и прв меч на Вардар пред својата публика во новата елитна сезона.

Најново во Ракомет