ИГРА НА ТАКТИКИ, ДВАТА ТИМА ИМААТ ШТО ДА ПОНУДАТ

Зарабец: Покажавме против Пик Сегед дека имаме решение за дефанзивата на Вардар

Дуелот меѓу Кил и Вардар ќе биде вистински тест на издржливост на дефанзивните линии. Меѓу феноменални голмани, Арпад Штербик и Никлас Ландин, како и тактитките на Алфред Гисласон и Раул Гонзалез.  

објавено: 22 април 2018 - 10:00

Дуелот меѓу Кил и Вардар ќе биде вистински тест на издржливост на дефанзивните линии. Меѓу феноменални голмани, Арпад Штербик и Никлас Ландин, како и тактитките на Алфред Гисласон и Раул Гонзалез.  Тренерот на Кил преферира „3-2-1", додека шпанскиот страте „5-1" одбрана.

Иако бундеслигашот е свесен дека за противник го има тимот со најдобра дефанзива, сепак Словенецот во редовите на „зебрите", Миха Зарабец, смета дека Кил веќе покажал дека знае да се носи со она што има да го понуди Вардар.

„Вардар игра супериорна одбрана. Системот '3-2-1' како и '5-1' е тешко да се 'скршат'. Но веќе покажавме против Пик Сегед (во осминафиналето) дека имаме решение за таквиот тип на дефанзивна игра. Мора да играме трпеливо и да ја користиме секоја шанса", потенцира Зарабец.

Најново во Ракомет