ШАМПИОНОТ УТРЕ ЈА ПОЧНУВА МИСИЈАТА ОДБРАНА НА ТРОНОТ

ЗАВРШИ ОДМОРОТ: „Командантот„ Раул ги собира шампионите

Европскиот првак, Вардар утре започнува со подготовките за новата сезона, во која ќе брани четири трофеи, а пред стартот на истата ќе се обиде да освои уште еден. 

објавено: 26 јули 2017 - 14:10

Заврши одморот. Раул Гозналез и неговите избраници утре започнуваат со подготовките за новата сезона во која ќе треба да одбранат четири трофеи, а пред стартот на истата ќе се обидат клупските витрини да ги закитат со уште една титула. Во периодот од 24 до 29 август „црвено-црните“ ќе играат на Супер Глоуб, неофицијалното ракометно клупско СП.

„Ракометарите изутрина ќе имаат индивидуални лекарски прегледи, а заедничкиот тренинг е планиран за 17 часот во големата сала во СЦ „Јане Сандански". До 3 август ќе се тренира во Скопје а потоа екипата заминува на подготовки во Словенија.

Сезонава нов играч е Даинис Кристопанс кој игра на позицијата десен бек. Со тимот ќе тренираат и дел од младите ракометарите од нашиот втор тим.

На 11 август екипата заминува за Германија и таму ќе го им апрвиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер. Следниот ден нашиот тим ќе игра на турнир на Гумерзбах, и во полуфиналето на 12 август се среќаваме со Рајн Некар од 17 часот. Следниот ден е натпреварот за пласман“, известија од таборот на македонскиот и европски шампион. 

Најново во Ракомет