ПОРАДИ ПОВРЕДА, СРЕДНИОТ БЕК ОСТАНА ВО СКОПЈЕ

ЖРК Вардар без Лекиќ против ФТЦ

Македонскиот шампион, ЖРК Вардар на гостувањето кај Ференцварош нема да може да смета на услугите на Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска. 

објавено: 9 ноември 2017 - 14:20

Македонскиот шампион, ЖРК Вардар на гостувањето кај Ференцварош нема да може да смета на услугите на Андреа Лекиќ. Средниот бек има повреда на рамото која е хронична и ја мачеше во изминатиот период затоа и го пропушти, натпреварот со Крим во регионален турнир во Љубљана, а одмараше и на мечот со Ларвик во Лигата на шампионите минатиот викенд. Во составот на „црвено-црните“ ќе ја нема ниту Мирјета Бајрамовска.

Ирина Дибирова и нејзините избранички се свесни дека ги чека еден од најтешките мечеви во досегашниот дел од сезоната во Лигата на шампионите, кој воедно ќе даде лидерот на табелата. Доколку ЖРК Вардар се врати со целиот плен во главната фаза ќе пренесе максимален број на бодови. 

„Не очекува тежок меч. ФТЦ сега е во налет, откако победија во домашното првенство и тимот на Ѓер. Ние сигурно ќе бараме начин како да ги сопремен нивните најдобри ракометарки, Сучански, Ковачич и Пена. Спремни сме, правевме добра анализа. Ќе ни недостасува многу Лекиќ. На тој меч во Скопје Лекиќ одигра многу добро. Ние ќе треба да играме концентрирано во текот на целиот меч“, изјави за официјалниот сајт Ирина Дибирова.

Мечот со ФТЦ е закажан за в сабота во 13,30 часот.

 

  

Најново во Ракомет