ПЕТТА ПОБЕДА НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ВО ЛШ

ЖРК Вардар го запечати врвот среде Будимпешта, патува со максимален број во главната фаза

ЖРК Вардар ја запиша петата победа во низа во Лигата на шампионите, откако вторпат сезонава го совлада Ференцварош 29-28. Со новите два бода, македонскиот тим го завери првото место на табелата во групата Ц и со максимален број на бодови ќе патува во главната фаза во елитното натпреварување. 

објавено: 11 ноември 2017 - 15:03

ЖРК Вардар ја запиша петата победа во низа во Лигата на шампионите, откако вторпат сезонава го совлада Ференцварош 29-28 (14-10). Со новите два бода, македонскиот тим го завери првото место на табелата во групата Ц и со максимален број на бодови ќе патува во главната фаза во елитното натпреварување.

Избраничките на Ирина Дибирова тргнаа добро, беа одлични во првото полувреме, но по одморот влегоа во лоша серија и покрај водството од седум гола на противникот му дозволија да изедначи и мечот да влезе во неизвесна завршница, која на крајот заслужено заврши во корист на нашите ракометарки.  

Пенезиќ со осум погодоци беше најефикасна, Лакрабер и Цвијиќ имаа под пет гола, додека Радичевиќ запиша четири погодоци. 

Вардарки мечот го отворија со серија од 2-0, но гостинските брзо одговорија и за кратко време поведоа со 3-2. По неколку минути изедначена игра, ракометарките на македонскиот шампион со двата гола на Радичевиќ и едниот погодок на Пенезиќ, поведоа со 6-9 во 16. минута. Предводени од Лејно и нејзините осум одбрани во првото полувреме, избраничките на Ирина Дибирова на одморот заминаа со комотни 10-14.

Стартот на второто полувреме беше најава за сигурна победа на ЖРК Вардар. По водството од 12-15, „црвено-црните“ направија серија од 1-4 и поведоа со највисоки 13-20. Но, тука застанаа, следеа црни минути во играта на македонскиот шампион. Унгарскиот тим направи серија од 8-1 и во 47. минута изнедначија на 21-21 за целосно враќање во игра. Во овој период Вардарки непотребно влегоа во серија на грешки, имаа неправилна измена, а потоа Лакрабер беше непрецизна од седмерец, но својата грешка ја исправи набрзо му донесе водство на својот тим од 21-23 на 11. минути до крајот. 

ФТЦ сепак успеа да изедначи на 23-23 и мечот влезе во неизвесна завршница. Пенезиќ, Суслина со тешка одбрана, а потоа Лакрабер го качија Вардар на 24-26 во 55. минута. „Црвено-црните“ на две минути имаа водство од 25-28, кое беше доволно за победа. 

Во последното коло, Вардар го пречекува Турингер.

Најново во Ракомет