ПО НЕОЧЕКУВАНИОТ ПОРАЗ НА ХРВАТСКА ОД ШВЕДСКА

Лино беше самоуверен, ама сега „плаче“: Подобри се од нас

„Мислам дека малку се преченивме“, потенцираше Червар

објавено: 17 јануари 2018 - 09:20

Домаќинот на европското првенство, Хрватска синоќа го претрпе првиот шок на турнирот, откако загуби од Шведска, во третото коло од  групата. Пред мечот кој одлучување за победникот во групата, селекторот на „коцкестите“, Лино Червар, реши од составот да го изостави првиот голман Мирко Алиловиќ. Тоа на крајот му се одмазди, Хрватска прими 35 голови и загуби.

„Што да се рече? Дадоа некои невозможни голови. Имаше некои одбиени топки кои завршија кај нив. Мораме да видиме кои ни се слабостите и да ги корегираме. Швеѓаните едноставно беа подобри од нас. Играа над своите можности, а ние не. Не бевме сконцентрирани и агресивни во одбраната. Жал ми е поради публиката и поради тоа што не патуваме во Загреб со четири бода“, рече Червар. 

Шведска уште од самито старт на мечот имаше водство, а предноста на „викинзите“ во еден момент беше и девет погодоци, што доволно покажува за немоќта на Хрватите на овој дуел. 

Најново во Ракомет