ЕХФ ГО ОБЈАВИ РАСПОРЕДОТ НА НАТПРЕВАРИ

ЛШ: Вардар започнува против бранителот на трофејот Монпелје

Доста атрактивна и тешка група за македонскиот шампион наредната сезона, а првиот дуел ќе го има против бранителот на трофејот, Монпелје.

објавено: 29 јуни 2018 - 16:26

Во групата А покрај „црвено-црните" и европскиот првак, се наоѓаат уште екипите на Кјелце, Барселона, Мешков Брест, Веспрем, Кристианштад и Рајн Некар.

На неодамнешниот Фајнл-фор турнир во Келн, Вардарци беа поразени од Монпелје во полуфиналето и токму против нив ќе ја започне групната фаза на гостински терен.

Првите шест од групата продолжуваат во следната фаза, останува истиот систем на играње, првопласираниот ќе го скокне осминафиналето и директно ќе игра меѓу осумте најдобри во ЛШ.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Лига на шампиони, Група А

1 коло (12-16.09.2018)
Монпелје - Вардар

2 коло (19-23.09.2018)
Вардар - Кристијаштад

3 коло (26-30.09.2018)
Веспрем - Вардар

4 коло (03-07.10.2018)
Вардар - Рајн Некар

5 коло (10-14.10.2018)
Кјелце - Вардар

6 коло (03-04.11.2018)
Вардар - Мешков

7 коло (07-11.11.2018)
Вардар - Барселона

8 коло (14-18.11.2018)
Барселона - Вардар

9 коло (21-25.11.2018)
Мешков - Вардар

10 коло (28.11 - 02.12.2018)
Вардар - Кјелце

11 коло (06-10.02.2019)
Рајн Некар - Вардар

12 коло (13-17.02.2019)
Вардар - Веспрем

13 коло (20-24.02.2019)
Кристијанштад - Вардар

14 коло (27.02 - 03.03.2019)
Вардар - Монпелје

Најново во Ракомет