ОСТАНУВА ВЕРНА НА УНГАРСКИОТ И ЕВРОПСКИ ШАМПИОН

Македонската снаа не ја менува средината...! (ВИДЕО)

Бразилската ракометарка Едуарда Аморим - Дуда ќе го носи дресот на Ѓер уште две години.

објавено: 28 септември 2018 - 20:16

Таа го продолжи договорот до 30. јуни 2021. година со екипата која е воедно бранител на титулата во Лигата на шампионите.

Со цел да се постигнат долгорочните цели на клубот, покрај оние за сезоната 2018/2019, раководството на Ѓер веќе ги започна преговорите со своите играчи. Прво, овој процес веќе успеа во случајот со Едуарда Аморим, една од вистинските лидери на тимот.

Таа е четирикратен освојувач на ЛШ, девет пати шампион во Унгарија, девет пати дојде и до трофејот во Купот на таа земја,

Потоа, прогласена за најдобра ракометарка на светот во 2014-та, истата година прогласена за најдобар лев бек во ЛШ, па најдобар одбранбен играч во ЛШ (2016, 2017), светски шампион во 2013-та, и МВП на Мундијал.

Најново во Ракомет