Ќе мора да тактизираат во продолжението од првенството

Маките на Србија се поголеми, останаа и без Вујин

Србија одигра лош прв натпревар на Европското првенство против Хрватска, а проблемите само се множат и со повредени ракометари

објавено: 13 јануари 2018 - 21:00

Србија одигра лош прв натпревар на Европското првенство против Хрватска, а проблемите само се множат и со повредени ракометари.

За вториот меч со Шведска, па веројатно и за последниот во фазата по групи против Исланд, селекторот Јовица Цветковиќ нема да може да смета на искусниот бек Марко Вујин. Тој се повреди на премиерата за Србија против Хрватска, одигран вчера во Сплит.

Србите загубија убедливо со 22:32, но и го загубија Вујин, кој нема да игра против Швеѓаните. Надвор од строј е и Стефан Вујиќ, па јасно е дека популарните „орли“ имаат многу проблеми пред двата најважни дуели во А групата против скандинавските селекции, Шведска и Исланд.

Најново во Ракомет