ИАКО УШТЕ ОФИЦИЈАЛНО НЕ Е ЗАВРШЕН РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ ОД СЕХА

Мешков Брест ќе биде ривалот на Вардар во полуфиналето

Завршниот турнир во седмата регионална сезона закажан од 13 до 15 април во „Јане Сандански" во Скопје

објавено: 15 март 2018 - 13:35

Белорускиот првак Мешков Брест ќе биде противникот на бранителот на титулата и домаќин на Ф4 во СЕХА, Вардар во полуфиналето на завршниот турнир во седмата регионална сезона закажан од 13 до 15 април во „Јане Сандански" во Скопје.

Од порано беше познато дека трикратниот бранител на титулата, Вардар, заедно со Целје, ППД Загреб и Мешков Брест ќе бидат екипите кои ќе го сочинуваат Ф4, а претпоследното коло од регуларниот дел го дефинираше изгледот на полуфиналните дуели.

Актуелниот првак од лидерската позиција го чека полуфиналето, а според пропозициите во истото како предизвикувач треба да го добие четвртопласираниот тим на табелата, односно во овој случај Мешков Брест.

Белорусите загубија од Горење Велење и иако имаат уште еден меч до крајот на регуларниот дел (со ППД Загреб следната недела), се чини дека овој пораз пресуди да се „судрат" со Вардар во првиот меч на Ф4. Втората двојка ќе ја сочинуваат ППД Загреб и Целје, но за официјална потврда ќе треба да се почека до 17 март, кога се играат натпреварите од последното коло од регуларниот дел на лигата.

Најново во Ракомет